речник контакт

Две злоупотреби на службената должност, милионска штета за странките

Полицијата поднесе две кривични пријави против извршител од Кавадарци и за директорот на Велеспром, каде се оштетени Керамика Нова и Велеспром

Петар Печков

СВР Велес  во соработка со надлежното обвинителство поднесе  две кривична пријава  за злоупотреба на службена должност .

Првата е  против лицето А.К (45) од Кавадарци,  кој како извршител, сторил кривично дело  „злоупотреба на службена положба и овластување“ со што нанел значителна имотна штета на имотот на „Керамика Нова“ Велес во износ од 1,5  милион денари. При спроведување на извршување на предмет во вредност од 13 550 денари, каде доверител е „Велешко езеро“ , истиот спровел присилно извршување во обем несразмерен на побарувањето, во вредност од 4,3 милиони  денари.

За да го оправда ваквото извршување, А.К. при пописот и пленидбата на подвижните предмети приклучил и други доверители. Истиот, по неуспешното јавно наддавање одржано на 14.12.2011година , без повторно поднесено барање од овластен доверител, самоиницијативно продолжил со извршување на попишаните предмети, со што постапил спротивно на чл.98 ст.4 од Законот за извршување. Иако истиот бил должен да запре со извршувањето, тој пристапил кон попис и пленидба на уште движни предмети, при што склучил и договор со непосредна спогодба без никаква законска постапка, без јавна објава, рок и начин на продажба со купувачот „Минас Комерц“ Кавадарци , а на штета на должникот „Керамика Нова“ Велес.

Втората  кривична пријава е против лицето Ј.С. ( 57) од Велес, поради основи на сомнение дека во својство на одговорно лице Извршен директор на АД „Велеспром“ Велес сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ со што го оштетил АД „Велеспром“ за сума од 2, 3 милиони  евра .На  8 февруари.2006 година  го презел долгот - кредити кој  што „Тедико- Илија“ ДООЕЛ ги земал од „Тутунска банка“ АД Скопје во висина од 2 335 000 евра, без одлука на одбор на директори и собрание на акционери на АД „Велеспром“.  

При тоа како залог ја ставил стоковната куќа НА-МА. Со наведеното постапил спротивно на „Законот за трговски друштва“ бидејќи пристапувањето кон долгот претставува голема зделка, и постапил  спротивно на статутот на АД „Велеспром“.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »