речник контакт

Две сообраќајки, за два дена, двајца повредени на стариот пат кон Градско

Едниот патник заврши во Скопје, вториот во велешката болница

Петар Печков

За два дена, на регионалниот пат Велес Градско, две  сообраќајки, со две потешко  повредени  лица.  Едното е  пренесено во Ургентен Скопје второто  е задржано во велешка  болница.

Првата сообраќајка се случила четвртокот попладне околу 16,30 часот   во непосредна близина на „База-Пелагонија“.  Влекач марка „рено“ со приколка со гевгелиски регистерски ознаки управуван од 61-годишен жител на Богданци удрил во пешак - женско лице на возраст од 51 година од село Росоман. По несреќата, пешакот со возило на Итната медицинска помош е пренесен во ЈЗУ Градска Болница Велес каде се констатирани тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите препратен е во Ургентен центар Скопје.  

Ден претходно, на истиот пат делчевчанец, возејќи автомобил ,,форд фергусон,, изгубил контрола и излетал од патот. При ова со тешки телесни повреди, повеќе скршеници се здобила сопатничката 14 годишно девојче, жителка на истото село. Со возила на итната помош девојчето е пренесено во велешката Болница, каде поради  тежината на повредите е здржано на лекување. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »