речник контакт

Двојникот на Слободан Богоевски од Велес по грешка лустриран

Комисијата ја констатирала грешката, откако во јавноста се ојбавило името на велешанецот, по што тој доживеал здравствени проблеми

Петар Печков

Го напушти Велес и две години живее во родното село Извор. Така Слободан Богоевски ги минува пензионерските  денови. Таму е со сопругата Ѓурѓа, во куќа во Горното маало, на крајот од селото. Но иако треба да има мирен и спокоен пензионерски живот, тоа не е негова секојдневица.  

Неговото име и презиме,  двојник на функционер од МВР го чинеа  мир, спокој и здравје. По грешка Комисијата за верификација на фактите, го лустрираше велешанецот Слободан Богоевски, го прогласи за кодош, заменувајќи го со  скопјанецот со исто име и презиме. Разлика огромна, по занимањето едниот бравар, другиот правник, едниот велешанец  вториот скопјанец, првиот вработен во МХК Злетово другиот во МВР.

Но иако е Комисија за верификација на фактите, таа   воопшто не ги воочила овие факти. Го згрешила и матичниот број каде може да  се констатира кој од каде е, ја згрешила и адресата. Сето ова го чинеше двојникот Слободан  од Велес здравје, тој по добивањето на решението стана срцево болен има и два бај паса.

Секој треба да мисли што прави во животот, два пати мери, еднаш сечи. По овој настан ми се јавија здравствени проблеми,  кога некој на правдина ќе те земе,  ми се качи шеќерот, имам два  бај паса, тахикардија. Само по доктори сум. Кога го добив црвениот плик, се шокриав, дека сум правел нешто што не е вистина  - вели Слободан Богоевски, чие што име и презиме како неговиот двојник,  подоцна вистински пронајдениот кодош  го чинеше здравје и мир.  

Во решението кое го добил од комисијата пишува дека  бил соработник на тајните служби, следел, фотографирал, снимал  лица кои биле проверувани поради нивните ставови  и гледишта а спротивни  на тогашната политика. Комисијата го испраќа на адреса во Велес, со матичен број за Велес. Таа не ја потврдила точноста на веродостојноста на податоците со кои располагала, ниту со сигурност ја утврдило функцијата на  лицето против кое водела постапка.  

Подоцна   неговото име и место на живеење биле пренесени во дел од медиумите, но ниту за ова Комисијата не почувстувала потреба да му се извини, што бил јавно избербатен и грешно посочен за кодош. 

Ми пишаа дека не сум бил оштетен и не ми следува надомест, оти била по грешка. По грешка само деца се прават, ништо друго. До крај ќе одам за мојот случај, до Стразбур. Грешката која е стoрена врз мене мора да се плати, некој ќе ја плати. Комисијата можела да изврши увид за остварен пензиски стаж, каде лицето работело.  Се можела, ама ништо не сторила. Кога ќе ме сретенаа во Велес познати, пријатели, роднини, многу ме знаат и прашуваа што се случи бе Слободан а јас објаснувам  дека ни сум шпиун нити кодош. Не бил ни татко ми  ми, ниту сум  јас  - додава Богоевски.  

Од Комисијата за верификација  на фактите само кратко одговориле, дека причината поради коај е настаната грешката е во матичниот број. И толку.   Голготата на Богоевски од Велес не завршува со тоа што Комисијата за лустрација ја прифатила неговата жалба. Обидот да се добие обештетување, сега се врти во круг, од една до друга државна институција, сите креваат раце. Грешката е сторена, ама никој не сака да ја признае и да му се извини а не да исплати обештетување за траумите кои тој ги доживеал.  

Бадијата трае преписката до надлежните, тие или негативно одговарат или молчат.  Министерството за правда се прогласува за ненадлежно. Комисијата за утврдување на фактите молчи по барањето за постигнување на спогодба за постоење на штета.   Иако во случајот се работи за  клевета и навреда, која се санкционира по Законот за граѓанска одговорност, одговорноста ја нема. Некои пред Законот се недопирливи.  

По јавното објавување   имиња на лустрираните во јавноста, без тоа да е правосилно,тогаш реaгираше нејзиниот член  Чедомир Дајмановски.  ,,Комисијата со  ова го крши принципот на презумција на невиност, бидејќи решенијата не се конечни и немаат судска завршница,, .

Велешаенцот Богоевски  потенцира дека ова не му е прва голема неправда во животот. Во 1994-та кога со неговите две деца близнаци летал за Москва, приватно да го реши проблемот со видот, висока миопија, ја доживеал првата.

Чекавме авион со тогашен висок владин функционер. Тој  од Министерството за здравство и  од комисијата добил документ дека ќе ги покрие трошиците за лекувањето на неговото дете, со   проблемите со видот. Јас таков   немав па  морав сам да си платам, за двете деца.  Се сеќавам кога му  кажав зошто и каде летам, лицето ми рече,  како бе Слободан не сме се запознале порано,  и ти ќе добиеше  потпис за твоите деца да не плаќаш од џеб. Правда нема, да знаете- додава Богоевски.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »