речник контакт

Дел од пазарот во Нова Населба ќе се изнајмува, за маркет

Корисникот има обврска да го санира кровот

Петар Печков

Кај велешани популарното Мало пазарче, лоцирано во Нова Населба ќе се изнајмува. Поточно еден дел од него ќе биде понуден на јавно наддавање за користење на одреден период. За возврат корисникот ќе има обврска да го санира кровот, поради кој тоа е  малку употребувано

Од двеста тезги само 35 се изнајмуваат. Затоа донесена е одлука ан УО просторот, две третини од него да се даде за изнајмување. Ќе го понудиме за  трговска фирма, за маркет, бидејќи имаше голем интерес токму за таа цел. Во останатиот дел и натаму ќе може да се работи пазарот а велешани кои живеат во тој дел на градот да купуваат – велат од ЈКП Дервен. 

Оваа одлука се очекува да биде објавена до крајот на месецот за потоа да се собираат понудите, па да се дознае кој ќе го добие просторот.Велешани кои пазарат од ова пазарче,  како и продавачите, често регариаа на лошите услови, кровот кој прокиснува.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »