речник контакт

Депонијата на гипс од фабриката ХИВ има ниски вредности на радиоактивност

Стручњаците тврдат дека гипсот кој е отпад може да се користи како градежен материјал

Петар Печков

Лабараторијата за радиоекологија при Институтот за јавно здравје ги мери вредностите на радиоакивност на депонијата од поранешната фабрика за вештачко ѓубриво ХИВ и таму нема вредности кои се високи и алармантни.  Ова стои ви писмениот одговор за тоа дали оваа институција мери и какви се вредностите кои се таму забележани.

Измерените вредности на идентификуваните радиоактивни елементи со природно потекло во анализираните примероци фосфор гипс, се под концентрациите на истите елементи во почвата од локации кои ги мониторираме и тоа Скопје, Битола, Охрид, Злетово и Гевгелија. - пишува во информацијата на Лабараторијата за радиоекологија при Институтот за јавно здравје   на РМ.

Овие вредности тие ги констатирале  после извршените голем број на мерења во последните години на материјалот од депонијата, вклучувајќи ја и  ланската. 

Измерените вредности заклучно со 2017 год. покажуваат ниска содржина на присутни радиоактивни елементи и тоа во просек,  радиум 226  (Ra-226) го има  7,2 Bq/kg, (бекерели на килограм)  ториум  (Th-232) кој е незначително радиоактивен  со 1.7 bq/kg и радио активен изотоп на калиум  (K-40) кој има долг век на распад  со  20,8 Bq/kg  - се резултати од мерењата кои Лабораторијата за радиоекологија ги достави до јавноста.

Во согласност со  Правилникот за максимално дозволени количини на радионуклиди во метали, проценките на  овие стручни лица од Лабараторијата  се дека ниските вредности на присутните радиоактивни елементи го прават фосфор гипсот погоден  за користење како градежен материјал без ограничување, во поглед на содржина на радиоактивни елементи.

Депонијата со отпаден фосфор-гипс резултат на работата на ХИ Велес во минатото а се наоѓа во  близина на фабриката и на автопатот  Велес- Гевгелија и регионалниот Велес - Градско.

За неа како  една од црните еко точки во Македонија има работено д-р Трајче Стафилов професор на ПМФ при УКИМ во Скопје, кој се повика на резултатите од пред 12 години, дека истата депонија  била радиоактивна. 

Тоа го потврдија и поранешните работници во фабрика  кои кажаа дека овој отпаден гипс, го купила фирма од Словенија, со цел да го преработува. Но откако првите количини биле испорачени, бргу, бргу биле вратени затоа што Словенците измериле дека е со висока радиоактивност.  Го раскинале дговорот, а ниту парите кои ги уплатиле  ги побарале назад. 

Велешките екологисти од ЕД Вила Зора побараа од надлежните да се изјаснат за отпадот од фабриката за вештачко ѓубре ,,ХИ Велес,, дали е тој радиоактивен. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »