речник контакт

Детската градинка донираше детска библиотека за детското одделение од велешка болница (фото)

Средствата за донацијата се собрани од продажба на домашно изработени книги во месецот на книгата

Петар Печков

Децата, нивните родители, вработените од Детската градинка од Велес,  за децата од детското одделение од велешка болница, подарија библиотека од детски наслови. Тоа се бајки, сказни и боенки кои децата додека се хоспитализирани на ова одделение, ќе можат да ги читаат, прелистуваат и да имаат како да го исполнуваат   времето во текот  на престојот.

„Идејата се роди во месецот на книгата, кога имавме креативни работилници.  Во овој период родителите заедно со децата изработуваа книги,  на тој начин децата го  минеа слободното време кое креативни активности.  Изработените домашни книги ги изложивме во Локалната библиотека, каде беа продавани. Со симболични цени, собравме  26 илјади денари, кои ги наменивме за изработка на оваа мини библиотеки. Набавивме  три шкафчиња и детска литература. Ова е подарок од децата и нивните родители од градинките  е од срце“ – кажа Маја Велиновска директорка на Детските градинки „Димче Мирчев од Велс.

Донацијата ја прими директорот на ЈЗУ Општ Болница Велес, Ристе Богоевски,кој кажа дека ова е трајно богатство кое значи многу за најмладите пациенти од детското одделение на велешка болница.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »