речник контакт

Детското игралиште се обновува

Aктивноста e насловена „Да го вратиме Скејт паркот“

Петар Печков

Неформална активистичка група граѓани, во соработка со здружението „Плоштад слобода“ - Скопје во рамки на проектот „Активни заедници“ покрена кампања за репарирање на Скејт паркот во Велес.  

Оваа кампања е продолжение на активноста насловена „Да го вратиме Скејт паркот“ одржана пред неколку месеци со идеја да се реконструира овој дел од Градскиот парк во Велес. Како прва активност се реализираше собирањето на медицинскиот отпад од наркозависниците, кој овој дел го користеа речиси секојдневно.

Денес започна да се поставува  и репарира  урбаната опрема на Скејт паркот, или Детското игралиште. Се  репарира  половина од урбаната опрема и поставуваат клупи, клацкалки, лулки и вратила, со цел да се мотивира општината да го дозаврши поставувањето на целата урбана опрема  - вели Дејан Ристов координатор на овој проект.  Опремата ја поставуваа вработени од ЈКП Дервен. 

Во рамките на оваа кампања се одржаа состаноци со волонтери вклучени во акцијата и преставници од општина Велес. На состаноците со претставници локалната власт било договорено да го комплетираат поставувањето на урбана опрема низ Скејт паркот. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »