речник контакт

Директорот на Метрудхем приватно тужи, ама не доаѓа на суд

Почетокот на судњето одложен за крајот на септември со барање тужителот Димитриоски да дојде во судот во Велес и тој да го обезбеди доказот, ЦД-то со снимка од изјавата на тужениот Смилев

Петар Печков

Не започна судењето за клевета и навреда против членот на Зелената коалиција Игор Смилев. На денешното рочиште во Основниот суд во Велес не беше присутен тужителот Тони Димитриовски, кој што според неговиот бранител бил на службен пат. Адвокатот на обвинетиот Смилев, побара физичко присуство на тужителот за следното рочиште, но и дел од доказниот материјал кој тие го нудат во тужбата.

Гледам дека овде се нуди ЦД со снимка од изјавата на мојот клиент, но него го нема во доказите. Барам да се обезбеди пред да почне судењето и тоа да биде по барање на тужителот, не и на судот – изјави Љубомир Михајловски, адвокат на Смилев. Овие две негови барања беа прифатени, по што почетокот на судењето е закажан за крајот на септември. Смилев  со приватна тужба е гонет од  Тони Димитриевски, управител на Метрудхем. Тој се чувствувал повреден поради клевета, навреда, згрозување на безбедноста и неовластено снимање и фотографирање. Игор Смилев  е дел од граѓанско здружение  Зелена Коалиција кое се бори против рестартот на Топилницата. Првиот обид за почеток на судењето пред три месеци  пропадна, откако беше побрано велешкиот суд да не решава по овој предмет, но Апелација го доби ова барање на тужителот, па приватната тужба Димитриоски против Смилев ќе се решава во Основен суд Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »