речник контакт

Директорот на велешка Гимназија седнува на обвинителна клупа

С.А. е обвинет за несовесно работење во службата

Петар Печков

Основното јавно обвинителство – Велес поднесе Обвинителен предлог против едно лице – директор на средно училиште во овој град, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело – Несовесно работење во службата. Обвинетиот се товари за неправилности околу спроведената екскурзија за учениците во трета година од училиштето.

Имено, по завршувањето на постапката за избор на најповолен понудувач за организирање на наведената екскурзија на  7-ми  април  годинава, откако истиот ден Одлука за избор донесол и Училишниот одбор на училиштето, тој на 8- ми април  склучил Договор за организирање на ученичката екскурзија со избраниот најповолен понудувач по што се упатени известувања до сите понудувачи за извршениот избор.

Но, спротивно на одредбите од Правилникот за начинот на организирање на ученичките екскурзии во средните учлилишта, иако штотуку започнал да тече рокот за жалба на неизбраните понудувачи, само два дена подоцна, односно на 10-ти април  овозможил реализација на екскурзијата.

За автобусите со кои заминале учениците не бил доставен записник за извршен вонреден технички преглед не постар од еден месец, а со автобусите управувале возачи кои поседувале лекарски уверенија за психофизичка способност за управување на истите со датум постар од дозволените шест месеци.

Бидејќи екскурзијата е целосно реализирана во времето кога течел рокот за жалбена постапка, иако останатите понудувачи вложиле навремена жалба, нивните жалби биле беспредметни.

На овој начин, директорот несовесно постапил при вршењето на своите овластувања и должности со што потешко ги повредил правата на други лица.

Предметот е оформен по допрен глас и за истиот беше спроведена истрага – беа сослушани поголем број сведоци и пријавениот, а беше прибавена и целокупната документација.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »