речник контакт

До 15ч. во Велес гласале една третина од запишаните гласачи

Во Лозово гласале повеќе од половината гласачи, висок одѕив во Градско и Чашка

Петар Печков

Излезеноста на гласачите во Општина Велес во 15ч. е 34,62 отсто или од запишаните 45,892 гласачи првото на глас го оствариле 15.853 ( од 99,82 пребројани гласови).

Со ова е исполнет првиот услов за избор на градоначалник, со кој требаше да излезат .третина од запишаните гласачи. Вториот услов е еден од кандидатите да добие 50 отсто гласови  од излезените граѓани плус еден  

Во Општина Градско излезеноста е 41,67 отсто или од запишани 3.113 гласачи, правото на глас го реализирале 1.295 лица (од 99,84 пребројани гласови).  

Во Општина Лозово излезеноста е 54,04 отсто или од запишани 1.984 гласачи, правото на глас го реализирале 652 лица (од 99,90 пребројани гласови).  

Во Општина  Чашка  излезеноста е 42,10  отсто или од запишани 3.171 гласачи, правото на глас го реализирале 2.595 лица (од 99,89 пребројани гласови).  

Податоците сè од Државната Изборна Комисија

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »