речник контакт

Дониран портрет на Прличко за велешкиот театар

Донацијата е на Ротари клубот од Велес а делото е на Ангел Коруновски

Петар Печков

По повод Светскиот ден на театарот 27 март ,,Ротари клуб Велес,, подари портрет на Петре Прличко за театарот ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,,.  Портретот е дело на академскиот скулптор Ангел Коруновски, а е изработен во техника масло на платно.

Истиот бил изработен уште во 2007-та, купен на аукција од ротаријанците во 2008-та, во годината кога за почна да се гради новата зградат на театарот. Ротаријанците уште тогаш  ветиле дека портретот ќе го подарат на театарот, кога тој ќе биде завршен.

Така по седум години тој  e предаден на велешките актери. Директорот Јордан Витанов најави дека портретот на Прличко ќе го постави во репетиционата сала, место каде најчесто се наоѓаат актерите.

Градоначалникот пак на Велес, Славчо Чадиев  вети дека во наредните години, во предворјето на зградата, локалната власт ќе изработи  и постави споменик на Џинот, чие име го  носи театарот. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »