речник контакт

Дополнителен месец за користење на узурпираните зелени површини од кафетериите

Урбаната опрема наместо во октомври во ноември ќе се отстранува од окупираните зелени површини, по Питијадата

Петар Печков

Сопствениците на кафетериите кои ги узурпираа зеленети површини на улица Благој Ѓорев добија уште месец дена  да работата вака.  Општината реши наместо во септември да ги сели во ноември.  Иако уште во пред два месеци беше најавено крајниот рок до кога освоените зелени површини ќе може да се користат е крајот на септември, овој договор со кој се согласиле и сопствениците е пролонгиран.

Бидејќи на почетокот од ноември е питијадата на тој простор одлучивме да им дадеме можност да работат и овој месец. По 2-ри ноември ќе ја тргнат урбаната опрема, која е поставена на зелени површини. Потоа ЈКП Дервен ќе ја оплемени и ќе се постои ограда, железни столпчиња за да не се освојува повторно – изјави Славчо Чадиев градоначалник на Велес. 

Станарите од овој дел на градот, спроти Гимназијата, кои реагираа на ваквата состојба велат дека ќе почекаат уште еден месец за да видат дали најавената акција ќе се случи.

  Чекавме толку време, ајде нека биде уште еден месец. Ние и натаму немаме приод до влезовите, узурпирани се патеките. Столпчиња имаше и до пред некоја година, ама газдите ги отстранија и се наместија на тревата, исекоа дрвја. Локалната власт и инспекцијата  молчеше  и молкум го одобруваше овој процес – велат станарите.  

Тие  очекуваат дека конечно ќе се стави ред на узурпирањето на зелените површини пред нивните влезови. Но и ослободување на пристапните патеки до нивните домови. Тие се жалат што нема ред во користењето на урбаната опрема од страна на сопствениците на кафетериите и што надлежните служби не преземаат никакви мерки, по нивните реакции. Во повеќе наврати станарите  до  локалана власт поднесуваа приговори, петиции со кој бараат  да се сопре урбанистичкиот хаос, но досега немаше  никаква реакција.

На почетокот на сезоната, во март месец   од локалната власт -  одделение за урбанизам изјавија  дека ниту една кафетерија нема добиено дозвола да поставува урбана опрема, маси и столови на земјените површини и дека надлежната инспекција може да ги санкционира овие незаконски работи а ЈКП Дервен  може и треба да го зазелени освоениот простор.  Но ниту инспекциите презедоа нешто, напротив општината ги толерираше а ЈКП Дервен крена раце и  не го уреди просторот, се повлече пред  сопствениците на узурпираниот простор.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »