речник контакт

Европските стандарди за кучињата скитници, пречка за нивното згрижување

Нема повеќе закачување на маркици на ушите од третираните кучиња. Дотогаш во градот се бележат каснувања на минувачите и глутници насилни кучиња. Досега усмртени 12 кучиња

Петар Печков

Од  почетокот на годинава , за  првите три месеци се уловени  23 кучиња скитници. На 11 од нив е извршен комплетен третман, дехелементизација, вакцинација против беснило, кастрација по што се вратени во природните средини, во близината не местото на заловување. Врз 12 кучиња  се извршена еутаназија оти тие  биле агресивни, со тешки повреди, хронично болни. Ова е сработено во согласност со Договорот за третман на кучињата скитници кои е склучен меѓу  Ветеринарната станица и Општина  Велес

Од Ветеринарната станица посочуваат дека од почетокот на оваа 2012 година наидуваат на тешкотии во спроведувањето на договорот, бидејќи до годинава се спроведува Европската регулатива за благосостојбата на животните. Тоа посебно се однесува на обележувањето на третираните кучиња, кои претходно беа  маркирани со ушни маркици. Сега ова е забрането, па ветеринарите објаснуваат дека  тешко ги разликуваат третираните кучиња од нетретираните.

 Од друга страна бројките покажуваат дека во првите мессеци во Велес има повеќе случаи на каснувња на минувачи од кучиња скитници

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »