Петар Печков
Објавено: среда, 05 март 2025
На неколку локации во Велес била реализирана сообраќајна едукативна кампања под мото „Вози одговорно- животот е во твои раце“, со цел да им се укаже на сите учесници во сообраќајот за обврската и потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи.
„На возачите им беше укажано дека се должни внимателно да управуваат со своите возила, да ја прилагодат брзината на движење, да не возат под дејство на алкохол, да користат сигурносен појас, да не употребуваат мобилен телефон и уште низа совети што треба да влијаат за зголемување на безбедноста во сообраќајот и унапредување на сообраќајната култура“ - соопштија од МВр.
Исто така, беше поделен и печатен едукативен материјал со совети за поголема безбедност во сообраќајот, изработен од страна на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Активноста е реализрана од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес, заедно со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес.
фото МВР
Tweet |