речник контакт

Екипата на средното хемиско училиште од Велес, победник на републичкиот натпревар во прва помош

Учествуваа 30 екипи од исто толку градови. Организатор беше Општинската организација на Црвен крст

Петар Печков

Денес во Велес се одржа 29 републички натпревар во Прва помош. Организатор беше Републичкиот Црвен крст и Општинската организација од Велес. Учествуваа 30 екипи од исто толку градови во Македонија.

Сите учесници беа екипи составени од средношколци, победници на општинските натпревари. Победник е екипа на средното хемиско  училиште „Димитрија Чуповски“ од Велес.Второто место го освои екипата од Струмица а третото од Куманово. Догодина 30 Државен натпревар ќе се одржи во Штип.

Сите учесници на пет пункта, кои беа лоцирано во Младински парк и во дворот пред Гимназијата,   го  покажува нивното знаење од различни области на првата помош.

Нив ги оценуваа доктори од градовите учесници.  По збирот на оценките од сите пункта, победник е средното хемиско училиште Димитрија Чуповски. 

Државниот натпревар по прва помош, годинава  се одржува под мотото „Првата помош спасува живот“.

Победнички се:
Ива Гргиќ - втора година
Теа Славевска - втора година
Елена Наумова – трета година
Марија Нечева - четврта година
Bерица Мишкова – четврта година
Бојана Воденичарова – четврта година
ментори -
д-р Лиле Настова  
д-р Сандра Игнова                                                   Тања Јаковлевска од ОО Црвен крст Велес

 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »