речник контакт

Ендуро Мото трки на езеро Младост

Велешките мотористи успешни на трката која се бодува за државното првенство

Петар Печков

Во неделата напладне на патеката кај езерото Младост се возеше трка во ендуро, во организација на Мото клубот ,,Мото Велес,,. 

Велешани имаа одлични резултати. Во категоријата Е-1 Драган Ванов беше втор, во Е-2 Бојан Лазов беше трет, додека во Е-3 победи Валентин Тошев пред Александар Мајсторов. Во категоријата Т-1 победник е Виктор Ефремов пред  Бошко Тошевски. 

Тој го забележа и најдоброто време на трката кој патеката ја мина за 2мин и 30 сек, а втор резултат имаше Драган Ванов со 2 мин 35 сек.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »