речник контакт

Еуро 2012 во ракомет за жени на Алфа ТВ

Ниту МТВ, ниту Сител туку на Алфа ТВ, ЕП во ракомет за жени од соседна Србија од 4. до 16. декември.

Петар Печков

Телевизија Алфа ги откупи правата за емитување на директните преноси од Европското првенство во ракомет во женска конкуренција, кое ќе се одржи во Србија од 4. до 16. декември.

По пауза од четири години, македонската репрезентација е дел од едно големо натпреварување и сите настапи  ќе можете да ги следите низ директен пренос на оваа програма.

Репрезентацијата на Македонија ќе настапи во Б групата заедно со селекциите на Шведска, Данска и Франција, а мечевите ќе се играат во салата Чаир во Ниш.

Нашите ракометарки најавуваат дека со помош на многубројната публика, која ќе го следи нивниот настап ќе дадат се од себе да се пласираат во следната фаза од натпреварите.

На програмата на Алфа ќе можете низ директен пренос да ги следите сите мечеви од групата во која настапува Македонија, а во останатите денови по два директни преноси од најинтересните дуели во останатите групи.

Распоред на преноси од првата фаза:

Вторник 04.12.2012
18:15  МАКЕДОНИЈА - Франција
20:15  Шведска - Данска

Среда 05.12.2012
18:15  Црна Гора - Русија
20:15  Унгарија - Германија

Четврток 06.12.2012
18:15  МАКЕДОНИЈА - Шведска
20:15  Данска - Франција

Петок 07.12.2012
18:15  Унгарија - Шпанија
20:15  Хрватска - Германија

Сабота 08.12.2012
18:15  Шведска - Франција
20:15  МАКЕДОНИЈА - Данска

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »