речник контакт

Железничка несреќа кај Кукуречани, на пругата Градско Неготино

Повредени нема, причинета материјална штета

Петар Печков

Во саботата попладне во 16,15 часот на железничката пруга од Градско кон  Кукуречани се случи железничка несреќа.

Според МВР  незгодата била  на патниот премин Кукуречани, кога товарен воз бр.5221 , кој сообраќал на релација Градско- Гевгелија, управуван од машиновозачот Д.К.(1968) од Скопје удрил во  влекач -Сканија управуван од М.Н.(1980) од Кавадарци.

Од незгодата, нема повредени лица, а  причинета е материјална штета. Сообраќајот на тој дел од пругата беше   во прекин 90 минути.

Возачот на Сканијата минел на премин каде има сообраќаен знак андреин крст. Истрагата ќе треба да каже зошто тој минел. Секојдневно на релацијата Велес Гевгелија и обратно минат по 23 композиции што патнички, што товарни возови.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »