речник контакт

Железничките премини опасност за граѓаните

Необезбедени железнички премини, рампи кои не се спуштаат во ударните термини се проблемите во одвивањето на сообраќајот но и по безбедноста на граѓаните во велешко.

Петар Печков

Необезбедени железнички премини, рампи кои не се спуштаат  во ударните термини се проблемите во одвивањето на сообраќајот но и по безбедноста на граѓаните во велешко. Ако се знае дека рампите  во градот се  на најфрекфентнтеи улици, каде минува река од народ кон Градскиот пазар или кон средно училиште, разбирлива е реакција за ваквата состојба.  Необезбедените премини во регионот пак се излез на месното население кон светот. Граѓаните се чувствуаат несигурни.

Не е сеедно кога наеднаш пред Вас ќе се појави онаа огромна грдосија од локомотива а гледате дека рампата не е спуштена. Без оглед што таа ползи, не вози брзо, глетката е страшна. Необезбеден премин, воз кој доаѓа,  оваа слика не остава човек да биде рамнодушен. А тоа често се случува – вели велешанка која била сведок на вакви сцени додека одела на пазар. 

На железничките премини во градот, кога доаѓа возот електронски се спуштаат рампите а претходно со звучен сигнал се предупредуваат возачите дека треба да застанат.  Најчеста причина што рампите не функционират е кражбата на бакарниот кабел од инсталациите. Но што се случува кога овие рампи не функционираат, кога безбедноста на велешани е загрозена. Прв сосед на преминот кај мостот ,,Гемиџии,, е угостител, кој има виедно многу настани кога рампите не се спушаат.

Тоа е хаос, кога на овој премин рампата не се спушта.  Има пцовки, закани, мафтање со раце кон машиновозачот. Луѓето со неверување гледаат како возот минува покрја нив. Додуша немало досега ниту еден инцидент, но сепак не е се исто кога возот минува преку необезбеден премин. Децата не се многу дисциплинирани и тие претрчуваат пред локомотивните, покажувајќи храброст – вели велешкиот угостител.

Надлежните објаснуваат дека безбедноста е на задоволително ниво и дека во 2010-тата година во велешко се случила само една сообраќајна несреќа на железнички премин кај Горно Оризари на пругата кон Прилеп, кога возачот удрил во дресина, товарно возило на МЖ, при што полесно се повредени двете сопатнички. Возачот за овој прекршок мина со условна казна. Но од ЈП МЖ- инфраструктура зборавиле да ја евидентираат таа од 29-ти јуни кога кај  селото Ногавеци на пругата кон Гевгелија, возот на необезбеден премин удри во ,,ходна акорд,,   а возачот мина со тешки телесни повреди и скршеници.

Во досегашното работење повеќе пати е констатирано дека учесниците во патниот сообраќај не ја почитуваат поставената сигнализација. Кај патните премини не се почитуваат правилата и сигналните знаци од поставената светлосна и звучна сигналзиација. Во случај на дефект или неисправност на уредите постои пропишана процедура за постапка, која гарантира безебдност и на двата вида сообраќај, железничкиот и патничкиот – вели Бесир Деари директорот на ЈП МЖ инфраструктура.

Заради надминување на постоечката состојба, но и по реакцијата на возачите, започнато е обезбедување со светлосна и звучна сигнализација на патните железнички премини од Велес до Пашин Мост на пругата кон Богомила. Во четирите правци од Велес  кон Градско, Богомила, Штип и Рајко Жинзифов има 20 патни премини. Најлоша е состојбата за исток  кон Штип, каде  сите  премини во Овче Поле не се обезбедени, туку  се означени само со сообраќаен знак, иако вкрстуваат со магистралниот пат  со голема фрекфенција Велес – Кочани.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »