речник контакт

Живот со 100 денари на ден

Како живее единаесет членото семејство Мустафови

Петар Печков

 Семејството Мустафови бори 11 члена, таткото Реџеп , мајката  Меѓудие и деветте деца, сите малолетни.  Тие живеат во близина на Агенцијата за вработување, во трошна куќа, две соби. Во нив едно ќумбе и три кревети за спиење. И толку.  Нивниот живот е секојдневно преживување. Децата кои не одат на училиште, не знаат што се играчки, јадат еднаш на ден.

Преживуваме секој ден, собираме по контејнери за  да излезе нешто за дома. Примаме три илјади денари социјална  помош. Две илјади за кирија а со илјада денари цел месец. Децата собираат пластика, ја продаваат и тоа со по 100 денари на ден живееме - објаснува Меѓудие. Таа е скопјанка а сопругот  Реџеп, со кого се во невенчан брак 15 години е до Велес. Долго време биел во Скопје, живееле под шатори,засега една година да се вратат во Велес и најдат дома, кој иако е празен за нив е најдоброто нешто што го имале во животот.

Децата  сакаат да се радуваат, да се хранат, не знаат што е играчка,  што можам да им дадам. Сме барале работа со мажот, ама нема. И така сега живееме од ден за ден. Еднаш на ден јадеме. Тешко се живее - додава Меѓудие.

При посетата за ручек имаше  пржени јајца. не јадеа на маса, оти ја нема, ручаа под. прво најмалите деца па поголемите. И ако нешто остане тогаш ќе јадат двајцата родители. Најмалото е бебе до 10 месеци, највозрасниот е син на 13 години. Три од децата не е заведени во евиденција на родени, немаат никакво документон , дека постојат. Тоа е бидејќи мајката се породила дома.

Во едната соба само едно ќумбе не кое се греат, струја нема. Немаат ниту корито каде да ги избања децата. Тие не одат на училиште. За облека се снаоѓаат од пребарување во контејнери. Децата ги добиле следните имиња:   Армандо, Леонардо, Фикрија, Тархан,  Марвин, Леон, Медина, Калмедина, Хусеин. На ова семејство кое живее во субстандардни услови, решија да му погонат младите од Општинскиот Црвен крст. 

 Започнавме да работиме проект за помош на ова семејство. Тоа е преку ПХВ проектот  именуван е ,,Нашиот број е девет,,. Ќе се обидеме да им помогнеме со храна, со хигиенски средства. Ќе аплицираме за работа за родителите, таму каде има можност да се вработат. Очекувам дека работите ќе бидат  поместени од сегашната состојба - рече Ирина Стојковска, десиминатор во акцијата ,,Промоција на хумани вредности,,. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »