речник контакт

Животна драма со среќен крај

Велешанец падна од мотор поради сопствени здравствени причини, со брза интервенција на докторите спасен му е животот

Петар Печков

Околу пладне пред Бугарската амбасада се с случи вистинска драма, која имаше среќен крај по живото на еден наш сограѓанин. Велешанец кој се возеше на мотор падна од него без никакво допир  со друго возило. Минувачите притрчаа да му дадат помош, тука беше и една сограѓанка која  несебично му помагаше.

Брзо стигна и Итната помош која го реанимираше па беше префрлен во Велешката Болница на Интерно. Таму е сместен во интензивна нега и според последните информации тој преживеал срцев удар и се наоѓа во стабилна состојба.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »