речник контакт

Животната приказна со среќен крај на кучето Шеќерко

Како успеа да го преживее ударот од воз и да живее без една нога

Петар Печков

Животот пишува и убави и лоши приказни. Ова е една од тие со среќен крај. Станува збора за кучето, со многу слатко име Шеќерко.  Тоа е домашен миленик, но и чувар на стадото кози во семејството Груев. (текстот за поморот од пред некој ден).  Куќата е на патот Велес – Богомила, во населбата Стари град, близу пругата Велес – Битола. При посетата на секој дојденец кучето ќе залае, ќе се стрча, но на посетителот ќе му падне во очи што тоа има три нозе. И разбирливо, љубопитноста ќе најде начин да се праша сопственикот, зошто  е така. Јованче Груев  ја раскажа животната приказна на нивниот миленик, Шеќерко.

Го најдовме покрај пругата, откако возот нешто чудно почна да свири тука пред нас и да кочи иако не  е тоа пракса.   По некое време кога излеговме го видовме нашето куче, кое го викаме Шеќерко, како крваво лежи  покрај шините. Нашло мртов заек и толку се занело во јадењето, што не слушнало дека доаѓа воз. Тој му ја пресекол ногата, го удрил. Ама имало ден. Го лекував и по некој месец успеав да го извлекувам, да го вратам во живот. Така сега е повторно чувар на моето стадо, но и радост за децата – вели Јованче.

И додека разговаравме, Шеќерко трчаше околу нас, радосно мавтајќи со опашот, играјќи си но и внимавајќи на стадото кози. Тоа што има три нозе не е негов хендикеп. Напротив и натаму е чувар на куќата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »