речник контакт

Жител на Јаболчиште натепан и ограбен во Скопје

Одземени му се 6,6 илјади денари а со пиштол е удрен по глава

Петар Печков

МВР информира дека  понеделникот вечер момче од велешко Горно Јаболчиште  бил удрен и огребен.    

Настанот се случил околу 20.45 часот во Скопје на ул. „Душко Поповиќ“ кога  две  засега непознати  лица, кои биле маскирани извршиле разбојништво над Ј.Ф. (24) од  Горно Јаболчиште, велешко.

Тие биле вооружени  со пиштол, му пришле од зад грб и упатувајќи му  навредливи зборови му побарале пари. По ова Ј.Ф. од извадил околу 6.600 денари кој ги имал при себе  и му ги дал на едно од лицата.

Во тој момент еден од сторителите со пиштолот го удрил во пределот на десното око, нанесувајќи му видлива повреда.  Од ударот Ј.Ф. паднал на земја, а сторителите побегнале во непознат правец.

Од полицијата најавуваат дека  преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и работат на целосно расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »