речник контакт

Жител на Градско прегазен од воз

Поради инцидентот железничкиот сообраќај на релација Велес - Гевгелија беше во прекин три часа

Петар Печков

Жител на Градско родум од селото Водоврати С.Ф. (62 год) смртно настрада од удар на воз на пругата Градско - Велес. Несреќата се случила утрово околу 6,40 часот во близина на пругата кај населбата Старо Градско. На местото на несреќата била повикана екипа на брзата помош.

„Во 6,50 ч примен е повик за прегазен човек на пругата близу Градско. Дежурната екипа констатирал смрт, последици на политраума“ - соопшти д-р Василка Пановска, началник на Итната помош од Велес.

Поради инцидентот железничкиот сообраќај на релација Велес - Гевгелија беше во прекин од 6,40 до 9,40 часот.  СВР Велес го потврди настанот. По барање на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »