речник контакт

Жител на село Ногаевци измамен дека за пари, ќе му помогнат негов близок да излезе од затвор

Ниту по десет дена откако ги дал парите, В.П. блискиот на Т.П. не излегол од затвор

Петар Печков

 Полицијата информираше дека кај нив е пријавена измама, за жител од село Ногаевци, кому му било ветено дека за паричен надомест, негов близок ќе излезе од затворот во Шутка. Не е објавено за колку пари е оштетено лицето.

Понеделникот  на 22-ри септември  во 14. часот во СВР Скопје, Т.П.(56) од село Ногаевци пријавил дека на 12-ти септември  бил измамен од едно лице. Според пријавеното, околу 10.30 часот на Д.С.(29) од село Ногаевци, општина Градско, му се јавило  лице кое се претставило како А.Н., наводно вработен во Затворот Шутка и му кажалo дека ако плателе пари, можел да помогне да излезе од затвор В.П.. Според пријавеното, Д.С. му го дал бројот на Т.П, кој се согласил да даде пари, по што околу 11 часот Т.П. се сретнал со А.Н. и му ги дал парите, а наредниот ден отишол во затворот и му го кажал тоа на В.П.. По 10 дена, бидејќи немало ништо од ослободувањето на В.П., тој настанот го пријавил- соопштија од МВР.

Полицијата  презема мерки за расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »