речник контакт

Жителите околу зградата на Интернатот и Cимпо , реагираат дека пет дена биле без вода

Од ЈКП Дервен објаснуваат дека се работи на отстранување на дефектот

Петар Печков

Жителите на улиците 11 Октомври и Никола Карев, кои гравитираат кон Интернатот и СИМПО , реагираат дека до попладнево, пет дена биле без вода. 

„Со денови сме без вода, не можеме ниту хигиена да одржуваме, ниту било што да работиме. И храна да се подготви, садови да измиеме, машина да се пушти. Ниту нешто се случува на улицата, не знаеме што е во прашање“ – велат жителите, во реакција за состојбата.

„Се работи на отстранување на дефект на водоводна линија, и во текот на денешниот ден повторно ќе биде воспоставено водоснабдувањето на ул. Никола Карев и ул. 11 Октомври“ – одговoрија од ЈКП Дервен на поставеното прашање.  

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »