речник контакт

За Денот на општина Чашка, во крводарителска акција собрани 18 крвни единици

Сите дарители биле мажи

Петар Печков

На крводарителската акција во населба Чашка, организирана по повод Денот на Општината 21 август собрани биле 18 крвни единици, сите мажи. Нов првократен дарител било едно лице. Имало пријавено и лица од женски пол за дарувње, но тие биле вратени од страна на доткорот од трансфузиона медицина. Истата се одржа во ОУ Тодор Јанев. 

Традиционално, 21-ви август Денот на општина Чашка се одбележува и со крводарителска акција. Најхуманите граѓани од оваа општина, даруваа за пациентите каде има потреба.

Оваа е втора крводарителска акција во Чашка во 2023 година.

Крводарителската акција се одржа во организација на Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина, а помогнати од Општина Чашка и ОУ „Тодор Јанев“.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »