речник контакт

За Корто Малтезе - култниот стрип јунак

Стрип јунакот Корто Малтезе – култна фигура на многу генерации, светски патник и ковач на својата судбина е пример во година на кризата и апокалиптичните предвидувања да покаже дека и покрај се можно е да се најде излез.

Петар Печков

Прат, прославен италијански стрип автор и илустратор е роден во околината на Римини на 15 јуни 1927 година. Како што тврдел Хуго во постари години, неговиот татко Роланд бил со англиско потекло, додека мајката Евелина Џенеро била од венециско семејство со делумно еврејско потекло.

Раното детство го поминал во Венеција, целосно специфична средина, со постојано присуство на древното и мистичното. Службата на неговиот татко го одвела во Етиопија, која тогаш била составен дел на Италијанска Источна Африка (со поголемиот дел на Сомалија и Еритреја).

Додека младоста делумно ја поминал во Аргентина, која во 50-тите била „голема сила“ на стрип продукцијата со многу важни и притоа добро платени автори. Во текот на целиот живот Прат бил неуморен патник и поради природата на специфичната работа, но уште повеќе како плод на неговиот непостојан, љубопитен дух.

Неговите дела – необична мешавина на ликовна умешност и поетски дар – се сметаат за највисоки дострели на деветата уметност. Автор е на прочуениот Корто Малтезе, кој доживеал неброени изданија ширум светот, како и повеќе екранизации, но постхумно, не од перото на самиот Прат.

Иако Прат оддавал впечаток на смирен тип, реалноста како што тоа често се случува, била целосно поинаква. Прат не само што живеел нескротливо, од венециските салони до прашумите на Амазонија, туку често патувал без рационална цел и во најдалечни и најегзотични краеви.

И неговиот интимен живот бил сличен, имал повеќе бракови, формални и неформални. Во суштина тој самиот во многу нешто наликува на Корто, кој за прв пат се појавил во епизодата „Балада за соленото море“ во 1967 година.

Иако Прат е творец на многу авантуристички стрипови: „Пустински шкорпии“, „Наредник Кирк“, „Ана од џунглата“, „Језуита Џо“, „Сент Егзипери“, „Макумба“, неговиот Корто Малтезе, син на корнволски морнар и грибралтарска циганка, роден во Валета (од тука е и Малтезе) е единствена појава во историјата на деветата уметност.

Цртан налик со едноставна техника, со специфични „игри на сенки“, тој во фантазиите на Прат,  целосно пресликани од личните искуства, тргнува од беспаќата на јужните мориња, преку Сибир или Латинска Америка, се до древната Етиопија, венециските салони, мистичните келтски бајки, Јунговите фантазии, се до псеудоисторискиот континент Му.

Се работи за краишта, или културни рамки кои на самиот Прат биле блиски, кои ги пропатувал и „ги помирисал“.

Дури и сите клучни женски ликови кои Прат ги прикажува со многу нежност, истенченост, поетски дар, реално постоеле во неговиот живот. Сите негови големи љубови Прат ги сместил во епизодата за Корто Малтезе, светски патник, морнар со недефенирани мотиви.

Овој свет Прат го напуштил прерано, во август 1995 година. Имал цели 68 години, но неговиот главен јунак Корто, продолжил да живее во облик на неброени изданија ширум светот, како и од перата на други автори во облик на долгометражни цртани филмови, темелени на Пратовите стрип епизоди, но ни приближно со таков успех.

 текстот е преземен од  Танјуг - Белград

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »