речник контакт

За напад на полицаец на дербито Вардар Силекс, играно во Велес, парична казна за ,,Комита,,

Останатите обвиненија против навивачите на Вардар отфрлени, сите биле маскирани и не можеле да бидат препознаени

Петар Печков

Навивач на скопски Вардар, Дарко Стојчевски е парично казнет во Основен Суд Велес, за кривичното дело  ,,Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста,,.

Нему му е изречена глоба од  илјада евра.  Инцидентот се случи на   10 ноември 2015 година околу 13.40 часот на Градскиот Стадион во Велес, за време на одржувањето на фудбалскиот натпревар, прволигашкото дерби, помеѓу екипите на ФК Вардар од Скопје и ФК Силекс од Кратово. Според обвинението Стојчевски го нападнал полицаецот  Г. С.

Откако од Градскиот стадион се повлекле припадниците на ЕБР, навивачката група ,,Комити,, од Скопје  станала агресивна, при што во еден момент припадник на оваа навивачка група, го поминал првиот ред од полиција и започнал да се качува на оградата на стадионот, по што полицаец  се обидел да го сопре и да го симне, на што натрчале повеќе припадници на навивачката група. 

Меѓу нив  бил и   обвинетиот Стојчевски, сите почнале да го туркаат полицаецот додека припадниците на полицијата се обидувале да го воспостават редот на трибините.

Во тој момент Дарко  со рака го удрил  полицаецот  Г. С. на десниот образ, во пределот на окото, при што бил забележан и совладан од страна на полицајците  и приведен во СВР Велес. По полициското приведување на напаѓачот,  сите навивачи ,,Комити,,  кои биле на натпреварот, дошле на протести пред Полициската станица Велес. Стојчевски  пред судот, тврдел дека е невин тој  не го  удрил  полицаецот, туку дека ги  растерувал навивачите од гужвата и воведувал ред.  Пресудата  не е правосилна.  

Шесттемина други учесници во насилствата кои тој ден се случија по улиците  на  Велес, по натпреварот помеѓу Вардар и Силекс, а  против кои СВР Велес поднесе кривични пријави, нема да се гонат.

Обвинителството ги отфрли, оти  во доказите кои полицијата ги поднела не можеле да бидат идентификувани, сите биле со качулки  на главите во моментите кога го стореле делото, па не можеле да  бидат препознаени.    

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »