речник контакт

За почеток вратен железничар на преминот во Превалец

Рампата е најавена но неизвесно е кога таа ќе се постави

Петар Печков

Железничар  повторно го регулира сообраќајот на преминот во населба Превалец.  Ова е времено решение се додека  не се постават рампи велат од ЈП Македонски железници. Тој ќе биде тука  во две смени, претпладне и попладне, во термините кога има  фреквенција на возови, во останатиот дел од денот преминот нема да биде со лице, туку и натаму со постојната светлосна и звучна сигнализација.

По реакциите на  жителите на населбата вработен од железница го регулира преминот во населбата Превалец.  Така ќе биде се додека не се врати рампата, оти и покрај тоа што имаше современа  електронска регулација,  исклучиво поради нејзино  непочитување се случија неколку несреќи. И сега кога има лице кое е таму присутно има возачи кои не го почитуваат па мината по преминот и покрај црвеното знаме – велат од Македонски железници. 

На овој премин за пет месеци откако беа отстранети рампите и воведена електронска сигнализација, се случија четири тешки сообраќајки при што едно лице почина.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »