речник контакт

Забранета е работата на тунелската печка на Еуро брик, поранешен Киро Ќучук, поради користење на петрол кокс

Констатирано е дека фабриката „Еуро брик“, го загадувала воздухот со високи вредности на прашина

Петар Печков

При извршениот вонреден инспекциски надзор, на 29 ноември, од страна на државниот инспектор за животна средина, констатирано е дека фабриката „Еуро брик“, поранешен Киро Ќучук, го загадувал воздухот со високи вредности на прашина.

„Констатирано дека резултатот од извршениот мониторинг на емисии за параметарот цврсти честички- прашина од страна на акредитирана лабораторија за животна средина Технолаб од Скопје не задоволува согласно постојната  под законска регулатива, односно од дозволените пропишани 50мг/м3 измерени се 100,84мг/м3“ - соопштија од Државниот инспекторат за животна средина ДИЖС.

Во лабораториските извештај  било  нотирано користење петрол кокс како гориво, односно дека на тунелската печка не се поставени системи за намалување на емисиите.

„Поради ова изготвено е Решение со кое се забранува работење на постројката за користење енергенс- петрол кокс вклучително и целата опрема за складирање петрол кокс со рок веднаш, а најмногу до 90 дена во кои треба да се отстранат причините за настанатата состојба“ -информираа од Државниот инспекторат за животна средина.

Доколку не се постапи согласно решението, од ДИЖС најавуваат дека  ќе биде покрената прекршочна постапка согласно законските прописи.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »