речник контакт

Заврши 7-та уметничка колонија Папрадишки мајстори

Создадените дела ќе бидат продадени за хумантирани цели

Петар Печков

Големото семејство на сликари, копаничари, скулптори, графичари и зографи,   ги напуштија куќите на уметноста во Велес кои изминативе десет дена беа нивниот дом.

На официјалното затворање на Колонијата Градоначалникот на Општина Велес Горан Петров на учесниците им врачи благодарници, со кои и симболично ја изрази својата и благодарноста на градот кон уметниците, кои со нови триесетина дела ја дополнија уметничката ризница на Велес и станаа дел од плејадата творци трајно вградени во нашето култрно милје.

Оваа година на Колонијата учествуваа 24 уметника од  шест држави, Романија, Хрватска, Србија, Бугарија, САД и Македонија, како и и 6 гости кои заради веќе планираните обврски не можеа да останат подолго, како Митрополитот Европски господин Пимен, професорот Глигор Чемерски.

Како и секоја година делата создадени на Колонијата ќе бидат претставени на изложбата организирана по повод празникот на градот 9-ти Ноември, на изложби во другите градови во Македонија и странство, за потоа да се продадат на аукција. Средствата од продажбата се наменети за хумани цели.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »