речник контакт

Загадочана смрт на велешанец

Обдукцијата ќе открие како починал Џавит И.

Петар Печков

Во четвртокот вечер, околу 20 часот во неговиот дом пронајден е мртов велешанецот   Џавит И. (62год).   Тој  облеан во крв бил пронајден од неговата сестра која се вратила од посета на нејзината ќерка, која живеела во Германија. Два месеци  бил сам во заедничкиот дом кои го поседувале  со сестрата.

Братот и сестрата   телефонски  се слушнале неколку дена пред таа да се врати, но не дочекале да се сретнат,  бил пронајден мртов.  Лошата слика која ги пречекала, освен неа ја видела нејзината ќерка и   зетот, кои дошле  исто така од Германија да го посетат вујкото.  

Во  Полициска Станица  Велес телефонски се јавил Р.С. (40) и пријавил дека во куќа на ул. „Јордан Џурнов“ , сопственост на неговата тетка Р.С. (66), го пронашол починат неговиот вујко Џ.И. (62) од Велес. На местото на настанот  увид вршеле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес. По барање на Јавниот обвинител увидот во 23.10 часот бил прекинат и продолжи  во петокот  -  изјавија  од  МВР.  

Куќата каде е пронајден лешот е под полициско обезбедување, кое не дозволува фотографирање. 

Телото било  пронајдено на горниот кат  од семејната куќа на улица   Јордан Џурнов бр.13, во претсобјето. Џавит  лежел облеан во крв и  бил починат неколку дена, толку време соседите го немале видео и од куќата се ширела лоша миризба.  Никој не може да каже дали на телото од починатиот се најдени траги на насилство, прострелна рана, убод или пак удари.

Телото на починатиот е предадено за обдукција. Таа ќе ги о открие причините  за  смртта. Во  овој  момент не можеме да кажеме дали  има траги на насилство – изјавија од Јавното  обвинителство. Соседите за  велат дека бил мирен  човек, не  комуницирал многу, ако биде  прашан ќе одговорел и толку.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »