речник контакт

Започна видео надзорот на новоизградените спортски терени во градот

Компанијата А1 два месеци го реализираше проектот, за кој општината плати еден милион денари

Петар Печков

Инсталирана е опремата за видео надзор на новоизграденитe спортски терени во градот. Oваа обврска, согласно јавниот повик, ја имаше А1. Co oвој проект, треба да се заштити урбаната опрема, на четирите спортски терени во Велес.

„Започна следењето на видео надзорот кој се постави на спортските комплекси во ООУ "Васил Главинов" и СОУ Гимназија "Кочо Рацин", населба Тунел и населба Дворови. Со оваа инвестиција ќе ја заштитиме урбаната опрема во градот“ – соопштија од Општина Велес.

Реализацијата на проектот траеше два месеци а вредност беше еден милион денари. Таа опфаќа набавка на видео опрема, инсталација и нивно поставување. 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »