речник контакт

Започна новата академска година, во Велес запишани 98 студенти од 240 слободни места

Први започнаа бруцошите од Техничко- технолошкиот факултет. Најголем интерес за Факултетот за информатички технологии

Петар Печков

Со првиот час, на кој беа врачени индексите, започна наставата за бруцошите од Техничко- технолошкиот факултет со седиште во Велес, дел од УКЛО Битола.  

Запишани се 33 студенти,   25 на насоката   нутриционизам,  8 на прехранбена технологија и биотехнологија, со тоа што ова бројка може да биде за некој студент повисока, оти вечера беше последниот трет  уписен рок.   Со програмата беше предвидено да се запишат  55 редовни на нутриционизрам и 45 на прехранбена технологија.

Наставата дополнително ќе започне за студентите од преостанатите три факултети, кои имаат дисперзирана настава во Велес.  

Факултетот за информатички  и комуникациски технологии запиша 40 редовни студенти од предвидените 70.

Факултетот за туризам и угостителство од Охрид,  отсекот осигурување – Велес   за   четиригодишни     студии имаше слободни 50 места,запиша 17 студенти.Овие факултети се дел од Универзитетот Св. Климент  Охридски од Битола.

На  Економскиот факултет од Скопје, при УКИМ диспензирана настава Велес  за студии за сметководство и ревизија имаше слободни места  за 20 редовни студенти, пополнети се 8 .

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »