речник контакт

Започна реконструкцијата на тротоарот во центарот на Велес

Се обновува во должина од 350 метри, до стара Аптека

Петар Печков

Од саботата започна  да се врши реконструкција на тротоарот  во централното градско подрачје, на улица  8-ми септември, од десната страна. Се обновува од спојот на улица Архиепископ Михаил  до спој со улица Коле Неделковски  или од Сармаале до Стара аптека.    

Најпрвин се отстрануваат старите и дотраени плочки, а во текот на наредните денови ќе започне поставувањето на нови бехатонски плочки.  Дел од патеката специјално ќе биде обезбеден за лица со оштетен вид - најавија од локалната власт. 

Инаку, должината на тротоарот кој ќе се реконструира изнесува 350 метри. На одделни места плочките беа сериозно  оштетени, искршени. На други места под нив имаше и вода, така што  се случуваше минувачите да се избербатат по облеката.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »