речник контакт

Започнаа мигрантите на диво да ги пренесуваат и со автобус

Во автобус со штипски регистарски таблички пронајден е 61 мигрант, од Сирија, Пакистан и Индија

Петар Печков

Вторникот вечерта  во автобус пронајден е 61 мигрант а возачот на автобусот побегал. МВР со детали за настанот.

„На 5 јули  во 22.00 часот на автопатот А1, на делот Миравци – Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица запреле автобус со штипски регистарски ознаки, по што возачот на напуштил автобусот. При контрола во автобусот биле пронајдени 61 лице мигрант, од кои 30 од Сирија, 27 од Пакистан и четири од Индија“- соопштија од МВР.

Мигрантите биле сместени во Прифатно -транзитниот центар Винојуг и по целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »