речник контакт

Затвор заради тепачка на Коледе

Велешанец доби казна затвор оти натепал учесник на Коледе заради кој што да пее

Петар Печков

Велешанецот  Јован  Јованов  ( 43 год)  доби шест  месеци затвор затоа што натепал сограѓанин  за песна на Коледе.  Тој во Основниот суд во Велес беше прогласен за виновен и осуден за кривично дело ,,тешка телесна повреда,,. 

Јованов на 6 јануари   утрото околу 5 и пол часот  на  просторот помеѓу станбените згради во Комплекс УЗУС во Велес, тешко го повредил  соседот З. О.

До ова  дошло  по меѓусебна  расправија околу музиката, кој што да пее, чиј е редот, по што дошло до  земање на микрофон од рака,  па  Јован  заради расчистување на редот, со тупаница го удрил оштетениот во глава,  нанесувајќи му тешка телесна повреда на десното око и очната јаболкница. За ова Јованов е осуден на  казна затвор во траење од шест месеци.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »