речник контакт

Зградата на Диспанзерот за АТД нема функција

За нејзина пренамена ќе се причека

Петар Печков

Зградата на поранешниот диспанзер за белодробни заболувања во Велес  е неискористена. Откако во септември 2013-та, поради лошите услови за работа, диспанзерот се исели во инфективното одделение при Општата Болница Велес.  

Се најавуваше дека тука ќе се гради зграда за комерцијални цели, но досега  две и пол години подоцна, ништо од најавите. Објектот е празен, неискористен но и грда слика за овој дел од градот, зградата е место за пишување графити. Таа е сопственост на Министерството за здравство. Од таму засега  не најавуваат што ќе биде на ова место, како ќе се искористи зградата.   

Таа е во центарот на градот на атрактивна локација.  Имавме некои планови за јавно -приватно партнерство. Но веројатно тоа ќе  го реализираме после изборите - изјави министерот Никола Тодоров.

 Старата и дотраена зграда, изградене пред 50 и повеќе години не ги задоволуваше потребите за здравствени услуги и по реакциите на јавноста,  персоналот, пациентите и апаратурата беа преселени во Болницата.  На нејзино место според ДУП е предвидено да се изгради осумкатница. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »