речник контакт

Здравствениот дом од Свети Николе доби амбулантно возило, донaција од Јапонската амбaсада

Донацијата е вредна 54,6 илјади евра

Петар Печков

Здравствениот дом од Свети Николе доби ново санитетско возило, марка Нисан. Тоа е донација од амбасадата на Јапонија во Скопје, вредно 54,6 илјади евра.

„Во текот на изминатата година со новото санитетско возило се направени транспорти на 273 пациенти во животозагрозувачка состојба најчесто до клиниките во Скопје, Штип и Велес и поминати се околу 7,500 километри.” –кажа  д-р Славица Панева директорка на ЈЗУ Здравствен дом Свети Николе.

„Драго ми е дека во период од една година, со оваа донација беше овозможен транспорт за половина од вкупниот број на пациенти во животозагрозувачка состојба, во Здравствениот дом Свети Николе. Јапонскиот народ е среќен и горд што му помага на македонскиот народ да има подобри здравствени услови” вели амбасадорот Савада.

Преку GGP, досега, Јапонија финансираше над 60 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од повеќе од 3 милиони евра конкретно во медицинска опрема, реновирање на клиники и возила за брза помош. Дополнително, Јапонија во последните две години ги опремува јавните здравствени установи со медицинска опрема во вредност од 813.000 евра како итна помош за COVID-19, дел од Програмата за економски и социјален развој и дополнителна нефинансиска помош понудена во лекови за 100 пациенти со КОВИД-19.

Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 73 училишта и градинки, 64 здравствени установи и обезбеди 34 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 51 општинa.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »