речник контакт

Земјоделци казнети парично оти не пријавиле дека саделе афион на нива

Казната е условна, ќе платат ако го повторат делото. До 90-тите години за ваков прекршок се одело в затвор оти се нема контрола на производениот афион

Петар Печков

Двајца  земјоделци од велешко се казнет со по  две илјади евра оти засадиле нива со афион  а за тоа не пријавиле и не  добиле одобрение  од Министерството за земјоделие. Казната е условна ако овој прекршок тие го повторат во следната година, но тогаш ќе плата за 25 отсто повеќе од казната. Живко Ѓоргиев од велешкото село Челошово  и Љубе Петрушевски од селото Отовица треба да  платат казна на државата, за прекршок  кој го сториле спротивно  по Законот за контрола за опојни дроги.  

Државниот инспекторат за земјоделие   на 21-ви мај  минатата година при извршена контрола во склучените договори утврдил дека Живко Ѓорѓиев  засадил афион на површина од  пет декари  во атарот на селото  Чолошево. Исто постапил и Љубе Петрушевски од село Отовица кој засадил два декари афион. Но за оваа нивна дејност ниту   пријавиле,  ниту извадиле одобрение од Министерството за земјоделство  што не е согласно со Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции. 

Ваквиот афион, за кој нема дозвола за одгледување од Министерството не може ниту да биде откупен и завршува на црниот пазар, каде се продава поскапо. До 90-тите години за ваков прекршок се одело в затвор.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »