речник контакт

И во Демир Капија пријава дека соседот со воздушна пушка пукал кон кучето на комшијата

Полициски службеници излегле на местото и затекнале повредено куче

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден,  петок попладнето, во полициската станица во Демир Капија, било пријавено дека   соседот со воздушна пушка пукал во комшиско куче. Повеќе детали од информацијата на МВР.

 „На 17.11.2023 во 15.42 часот во Полициската станица Демир Капија, 59-годишен маж од Демир Капија пријавил дека неговиот сосед М.Ј. со воздушна пушка пукал кон неговото куче. Полициски службеници излегле на местото и затекнале повредено куче“ - соопштија од МВР.

Полицијата  презема мерки за расчистување на случајот. Во четвртокот ваква пријава имаше и во Кавадарци, кога сосед пукал со воздушна пушка кон кучето на комшијата.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »