речник контакт

И гласна музика од ресторани и деца по полноќ во играчници

Изминатиот викенд велешката полиција измери прегласна музика во кафе бар Гуд кафе и ресторан Булетус, кафе бар Ноктурно а малолетници нашла во Гуд кафе, играчниците Онка-Боб и Роџер.

Петар Печков

На ден 09.07.2011год. во времето од 00-02 час. од страна на полициски службеници од Полициската станица Велес извршена е контрола во угостителски објекти.

Контролата се однесувала на присуство на малолетни лица  во угостителски објекти после 24 часот , точење алкохол на пијани и малолетни лица, како и мерење на нивото на штетна бучава која произлегува од угостителските објекти. При тоа, контролирани се: кафе баровите: Гуд-Кафе, Паб, Сити и Фратело, рестораните:Болетус и Софра и забавни игри Роџер.

При извршената контрола во кафе-бар Гуд-Кафе регистрирани се два прекршока и тоа гласна музика и присуство на малолетни лица во угостителски објекти после 24час. каде се затекнати пет малолетника. Во забавните игри Роџер констатиран е прекршок присуство на малолетни лица во угостителски објекти после 24 часот каде се затекнати два малолетника и во ресторанот Болетус, при извршено мерење на штетна бучава, констатиран е прекршок гласна музика.

На ден 10.07.2011 година во времето од 00,00-02,30час. извршена е контрола во угостителските објекти  ресторант Болетус, Софра, кафе бар Мурано, Интро, Ди-енд, Фратело, базен Снупи, кабаре Ноктурно и забавни игри Онка-Боб.  Во кабаре Ноктурно констатиран е прекршок- гласна музика а додека во забавни игри Онка-Боб затекнат е еден малолетник.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »