речник контакт

И годинава за велешани бесплатни разговорни часови по англиски јазик

Пријавување до 17 јануари, часови од 20-ти секој понеделник и среда

Петар Печков

Заинтересираните жители на Велес и годинава ќе можат да следат бесплатни часови по англиски јазик, кои ги одржува волонтер од мировниот корпус во Македонија. Ова е  продолжување на минатогодишниот проект кој локалната библиотека „Гоце Делчев“ а   истиот  имаше  огромен интерес кај велешани.

Наидовме на  голем интерес и бројни барања од граѓаните да продолжат часовите по конверзација на англиски јазик.  Затоа  одлучивме заедно со Ненси Глајнс која   волонтира во  библиотеката да го продолжиме проектот. Тоа не се наставни часови туку разговорни  и се наменети за луѓе кои веќе имаат елементарно познавање на англискиот јазик – рече Игор Крајчев директор на библиотеката Гоце Делчев.

Пријавувањето трае до 17-ти јануари, до кога   сите заинтересирани граѓани можат да дојдат во библиотеката и да се пријават а часовите  започнуваат од 20-ти Јануари.

Термините на одржување на конверзациските часови се секој понеделник и среда со почеток во 18 часот. Крсот се најавува да трае два месеци со можност да се продолжи во зависност од интересот на граѓаните. Минатата година околу 40 велешани активно ги посетувале. Волонтерката, Ненси Глајнс  во Македонија е околу една година.

Мислам дека повеќето Македонци со кои имам разговарано се добри во изговорот, говорат повеќе професионално па затоа сакам преку часовите да го пренесам оној секојдневен говор кој се користи во Америка – најави Глајс.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »