речник контакт

И диспечерот виновен за железничката несреќа кај Рајко

Обвиентиот со машиновозачот заеднички спогодбено да ја платат штетата од 5,3 милиони денари. Комисијата на МЖ Транспоpт и Инфраструктура не пронашла вина кај диспечерот

Петар Печков

Сашо Антовски ( 47 год) од Скопје, диспечер на телекоманда  во ЈП МЖ  Инфраструктура е прогласен за виновен за железничката несреќа која се случи на железничката станица Рајко Жинзифов  15 декември 2013-та година.    Тој за   кривичното дело ,,тешки дела против безбедноста  на  луѓето,,  доби условна затворска казна од една година затвор, доколку во следните три стори ново кривично дело.

Пресудата не  е правосилна и обвинетиот најави жалба. Тој како одговорно лице диспечер,  во МЖ Инфраструктура, извршил промена на правецот на движење, непотребно и со неинформирање на возачот преку сигналниот систем придонел за несреќата. Антовски е осуден бидејќи според вештото лице,  извршил промена на режимот на движење на возовите во станицата иако немало потреба за такво нешто,  и со тоа и непотполното информирање на машиновозачот на патничкиот воз, создал предуслови да можат да се направат грешки во управувањето и ја намалил безбедноста на сообраќајот на пругата, како и дека поради оваа неочекувана и непотребна промена на режимот на движење на возот (одземеното предимство на минување) направил пропусти во управувањето на возот.  Железничката несреќа се случи на 15 декември во 17,39ч. кога патничкиот воз кој излегувал од железничката станица, удрил во товарен воз кој влегувал во станицата.

Тоа се случувало на вториот колосек од станицата. Од  ударот  локомотивата на  товарниот воз  излетала од шините,  а три патнички вагони се излизгале. Поради ова железничкиот сообраќај домашен и меѓународен, три дена во земјава беше во прекин. Пресудата беше донесена врз основа на сведочењето на лицата од Заводот за вештачење. Обвинетиот со докази дека не бил виновен.

Мешовита стручна комисија од стручни лица на ЈП МЖ Инфраструктура и АД МЖ Транспорт, ги прегледа сите документи за настанот и констатираше дека јас немам вина. Факт е дека машиновозачот самоиницијативно, кршејќи ја процедурата, против прописите, го стартувал  патничкиот воз, иако излезниот  сигнал бил со црвено светло. Прописот вели дека ако не се промени за три минути, тој од специјалниот телефон треба да ми се јави. Ниту тоа не е сторено. Затоа не се чувствувам за виновен. Вештите лица кои го подготвиле вештачењето не ги познаваат добро прописите, што се гледа од нивните  искази  - рече Антовски.  

Нему и на  машиновозачот Ристо Апостоловски, кој  по признание на вина исто така доби условна затворска казна, судот им изрече казна заеднички спогодбено да ја платат штетата предизвикана од несреќата во висина од 5,3 милиони денари.   Кога се случи несреќата, не беше споменато дека има повредени, но на судењето се појави како оштетен кондуктерот Зоран Ивановски, кој добил силен удар во глава и бил пренесен во болница.

Тој не побара обесштетување од двајцата колеги железничари.  По завршувањето на истрагата велешката полиција  поднесе кривична пријава само против машиновозачот а  против диспечерот обвинителството ја прошири по извршеното вештачење. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »