речник контакт

И женската и машката екипа на ФК Борец на врвот

Женската екипа го торпедираше Истатов во Струмица со 10:1 а машката победи дома со 3:1. Поради Велигденсктеи празници фудбал се играше порано, в петок

Петар Печков

 Мртва трка се води помеѓу екипите на Борец, Билјанини извори од Охрид о Единство од Скопје за првак на Македонија во женска конкуренција. Велешанки  победија во Струмица против екипата на Истатов со 10:1 и се втори на табелата со ист број  бодови  40 како и  двете конкурентски екипи. Води  Билјанини извори поради подобрата гол разлика 80:14 е прва , велешанки имаат 70:14 се втори  а Единство има 58:6 и се трети. До крајот на првенството има уште две кола.

Во машка та Трета лига Југ Борец  со 3:1 го победи Братство од Големо Коњари и по 25 кола е на врвот, без пораз. Велешани се веќе први и сега останува да  се  подготвуваат за баражот,за влез во Втората лига. До крајот на првенството во оваа конкуренција има уште пет кола.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »