речник контакт

И натаму се помалку активни случаи со ковид-19 во велешко

Во Велешка болница згрижени се 10 пациенти, шест се позитивни

Петар Печков

Продолжува да се намалува бројот на активни случаи со  ковид-19 во велешко. Според последниот извештај на Министерство за здравство, денес четврток таа бројка е 43 лица. Изминатите 24 часа има шест нови случаи а оздравени се 14.
 
Во Велешка Болница има згрижено 10 пациенти, девет се на Инфективно и еден на невропсихијатрија.

„Потврдено позитивни се пет, негативно се тројца со потреба од продолжено лекување. Денес се примени двајца нови пациенти, нема испишани. На кислородна поддршка се шест пациенти“ - кажа д-р Елена  Левкова Ќулумова.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »