речник контакт

И одбојкарскиот клуб Борец го презема локалната власт

Од есен по четири години пауза, повторно машката екипа ќе игра во Прва лига

Петар Печков

Одбојкарскиот клуб ,,Борец,, од неодамна е пререгистриран стана Градски Одбојкарски клуб, со  нова управа. Освен што доби претседател во Валентин Миланов, добива и решавање на финансиското прашање, клубот го превзема локалната власт.   Така по теркот  на ракометарите, тргнаа и одбојкарите.

Формиран е Градски  одбојкарски клуб, со што  го заокружуваме брендот на велешкиот  спорт и клуб ,,Борец,,. Тој ќе  биде под финансирање на локалната самоуправа. На првата следна Седница на Советот ќе бидат одвоени и првите средства за работа на клубот – најави градоначалникот Славчо Чадиев.

Во прво време ќе се работи со  машката екипа а потоа ќе се приклучат и девојките.  За тренери се  именувани Петре Жабев, Дарко Николов,  Трајче Миланов и Весна Николова. Последните  четири години , кога не настапуваше во Првата лига, екипата работеше  со младинскиот состав, кој освојуваше високи позиции  од ова  натпреварување. Годинава на завршниот турнир, одржан во Велес, беа  трети.   

Имаме играчи, одбојката не згасна иако клубот  не играше во лигата. Ќе имаме резултат и успеси во иднина, со макотрпна  работа. Резултатите нема да изостанат, тоа можам да го ветам – изјави тренерот Петре Жабев. 

Од есен, од октомври ќе се натпреварува во првата  лига.  Градот, одбојкарите тоа го заслужуваат, имаме традиција и успеси. Долга е листата на успеси. Ова се случува во годината кога одбојката  слави 60 години на постоење на клубот,  сериозен и голем јубилеј. Ќе го добележиме достојно а тоа е токму со почнувањето на настапите  во прва лига. Имаме интерес  од дечките кои откако клубот замре, се тука играат во други екипи или паузираат, да ги собереме, да се екипираме и за неколку години Борец  да  биде на врвот од  одбојката во Македонија – изјави претседателот Миланов.        

Одбојката е спорт со традиција во Велес.  Во самостојна  Македонија во 1995-тата година Борец Универзал Промет го освои Купот на Македонија.  Во рамките на СФРЈ во 80-тите години имаше успешен настап во првата   Југословенска лига. Овој спорт даде и голем број на репрезентативци и  звучни имиња на  одбојката во  земјава  и спортисти  значајни во градот.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »