речник контакт

И пак железничка несреќа на пругата кон Штип

Овој пат тешко повреден штипјанец кој удрил во возот кај Кадрифаково

Петар Печков

Во четвртокот  вечер  се случи нова железничка несреќа на пругата кон Штип. Има тешко повреден возач на автомобил.

На 1-ви септември  околу 20.25 часот на патниот премин преку железничка пруга Кочани -Велес, на локалниот пат село Ерџелија село Кадрифаково, се случила железничка незгода. Моторна гарнитура сопственост на „Македонски Железници“ АД Скопје  удрила во автомобил „Голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (40) од Штип.  Во незгодата со тешка телесна повреда се здобил возачот на автомобилот и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Штип – изјавија од МВР.  

Во периодот од 20.25 до 23.10 часот, за време на увидот од екипа на ПС Свети Николе, железничкиот сообраќај бил во прекин. На преминот имало поставен сообраќаен знак. Пред една седмица, на железничкиот премин во село Лозово, на пругата Велес – Штип,  автомобил удри во возот, исто така навечер а возачот има неповреден а автомобилот беше сериозно оштетен.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »