речник контакт

И повторно реми дома, за фудбалерките на ЖФК Борец

Во дербито на колото ЖФК Борец - ЖФК Љуботен 1:1 (0:1)

Петар Печков

Втор пат дома,за само десетина дена,  фудбалерките на ЖФК Борец одиграа реми. Стрелци за головите интернационалките во редовите на двата клуба.

Во осмото коло во дербито на колото, на домашен терен, стадионот Зоран Паунов,  велешанки играа нерешено со ЖФК Љуботен од Тетово. Гостинките беа само бод зад ЖФК Борец, тие шести, домаќинките трети.  

Тетовки поведоа во  21 со голот на Лискано од Венецуела  а велешанки израмнија во 63` со голот на Досуму од Нигерија.

По ова коло ЖФК Борец е четврти со 15 бода. Во следното коло гостуваат во Тетово на екипата на ЖФК Речица која е 10-та од 12 екипи со пет бодови. 

Од минатата седмица, има промена на тренерската позиција во ЖФК Борец, на местото од Тоше Нацев е поставен  е Немања Бреѓан

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »